Дваесет годишник од Скопје вчера во 15 и 50 часот е уапсен од страна на полицијата, бидејќи истиот ден во 9 и 30 часот, во близина на игралиште во Шуто Оризари, со закана со нож одземал мобилен телефон од триесет и три годишен негов сограѓанин.
Настанот се случил на улицата Хаџи Јован Шишков“ во Скопје, а напаѓачот бил лишен од слобода на улицата Гарсија Лорка. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.