Хроника 02. јуни 2020. / 11:34

Два угостителски објектa не ги почитувале препораките

Два угостителски објектa не ги почитувале препораките

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулевинформира дека во координирана контрола на полицијата и Државниот пазарен инспекторат било констатирано дека во текот на вчерашниот ден два угостителски објекти во земјата не ги почитувале препораките на Владата.

Во координација се извршени 483 контроли на угостителски објекти.

Министерството за внатрешни работи во континуитет презема мерки за контрола на почитување на одлуките на владата поврзани со справување со пандемијата од Ковид 19. Од страна на полициските службеници до сега констатирани се вкупно 5279 прекршоци за неносење лична заштита на лицето од кои 585 прекршоци во изминатото деноноќие – објави Чулев.