Хроника 30. октомври 2020. / 20:40

Душко Млекарот екстрадиран од Германија во Македонија

Душко Млекарот екстрадиран од Германија во Македонија

Душко Илиевски во јавноста познат како Душко Млекарот е екстрадиран во Македонија, објави ТВ 24.

По барање на македонските правосудни органи спроведен е од Германија за издржување на две затворски казни од година ипол и една година, за учество во толпа и напад на службени лица во време на Шарената револуција.

Тој беше баран со меѓународна потерница, откако со семејството се пресели да живее во Германија, каде доби политички азил. Илиевски е познат уште пред десетина години од протестите за Сведмилк, а последниот период објавуваше материјали за работењето на актуелната власт.

Преку неколку медиуми Илиевски обвинуваше за притисоци врз него, особено од поранешниот пратеник на СДСМ Александар Кирацовски.