Хроника 25. април 2020. / 11:55

Драма во Тетово: Додека го шетал кучето бил нападнат и изгризан од куче од расата турски кангал

Драма во Тетово: Додека го шетал кучето бил нападнат и изгризан од куче од расата турски кангал

Вистинска драма се одиграла во Тетово кога куче од расата турски кангал, којшто неговиот сопственик го шетал без ланец и заштитна маска, нападнало друго куче од расата белгиско-германски овчар и неговиот сопственик.

Напомош притрчале случајните минувачи кои успеале да ги оддалечат нападнатото куче и неговиот сопственик од местото на настанот. На лицето кое било нападнато од кучето во Клиничката болница во Тетово му била констатирана повреда на десната подколеница, а неговиот миленк завршил во ветеринарна амбуланта.

Случајот вчера во полиција го пријавил нападнатиот 44 годишниот тетовчанец. Се работи на расчистување на случајот.