Хроника 02. април 2020. / 21:04

ДОМ бара насилниците од Штип да бидат најостро санкционирани

ДОМ бара насилниците од Штип да бидат најостро санкционирани

Зелената партија ДОМ го осудува насилството врз девојката од Штип, што беше прикажано преку споделеното видео на социјалните мрежи и порталите.

Истовремено, од партијата ја поздравуваат брзата реакција на Министерството за внатрешни работи и  Основното јавно обвинителство и бара насилниците да бидат најстрого санкционирани.

– Истовремено апелираме до граѓаните и медиумите да не го споделуваат видеото, за да се спречи дополнителната виктимизација и стигматизација на девојката, жртва на родово базирано насилство. Во време кога поради корона пандемијата е неопходно да останеме дома, за голем број жени домот не е безбедна средина. Апелираме до МВР и Министерството за труд и социјална политика да ги превземат сите неопходни мерки за спречување и заштита од насилство врз жените и домашно насилство – се наведува во реакцијата на ДОМ.