Хроника 02. април 2020. / 23:25

Добро бре ,,фраери”, дали сте нормални: Штипски адвокат одби да ги брани насилниците што претепаа девојка

Добро бре ,,фраери”, дали сте нормални: Штипски адвокат одби да ги брани насилниците што претепаа девојка

Пријатели на семејствата на двајцата насилници од Штип кои претепаа девојка, при што го снимиле настанот и го објавија на социјалните мрежи, го контактирале штипскиот адвокат Кристијан Мицевски да ги застапува, но тој ги одбил.

За јавноста појаснува дека нема сума на пари која би го натерала да ги брани насилниците.

Го пишувам ова, па макар и лиценцата да ми ја одземат. Пред некое време, денес, добив повик од пријатели на семејствата на „тепачите“ да им бидам адвокат и да ги бранам, да сум помогнел. Мојот одговор беше – Да, јас ќе помогнам, ама на девојчето! Затворив слушалка… Добро бре „фраери“, дали сте нормални вие? Баш ме интересира кој колега добар збор за вас ќе каже? Има ли пари кои ќе ме натераат на тоа? Поздравете по дома, па ќе се видиме за некоја година, квази фраери! – напиша Мицевски на својот Фејсбук профил.

Откако видеото со насилството врз девојката излезе во јавноста од МВР потврдија дека насилниците биле уапсени.