Хроника

Детали за несреќата – еден загинат, а пет лица повредени на патот Кичево – Охрид

Детали за несреќата – еден загинат, а пет лица повредени на патот Кичево – Охрид

Едно лице го загуби животот, а пет се повредени, меѓу кои и две деца во сообраќајната несреќа која вчера вечерта околу 19:55 часот се случи на магистралниот пат Охрид-Кичево.

Од полицијата информираат дека несреќата се случила меѓу патничко моторно возило „Опел aстра“ со кичевски регистерски таблици управувано од А.К. (32) од Кичево и патничко моторно возило „Мерцедес“ со германски национални ознаки управувано од Х.Р. (45) од с.Велешта-струшко, а со живеалиште во Р.Германија.

-Во незгодата Х.Р. се здобил со тешки телесни повреди по што со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во болницата “Свети Еразмо“ во Охрид, каде што во 23,40 часот починал. Со повреди се здобиле возачот на “опелот“ А.К., сопатникот од истото возило Х.С. (39) од Кичево, како и сопатниците од возилото “Мерцедес“ – Б.Р. (42) и две деца на возраст од осум и 14 години кои биле пренесени и задржани на лекување во болницата “Свети Еразмо“, информираат од МВР.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Охрид. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција. Се работи на целосно расчистување на случајот.