Хроника

Детали од МВР за убиството во Прилеп

Детали од МВР за убиството во Прилеп

Вчера околу 16:30 часот во полиција било пријавено дека во село Беловодица на патот гори непознато лице.

Веднаш по пријавата, на местото на настанот излегле полициски службеници кои пронашле изгорено тело,информираат од МВР.

Утврден е идентитетот на лицето. Станува збор за 36-годишниот А. Б. од Битола, кај кого биле забележани четири прострелни рани во телото. По наредба на јавен обвинител, телото е дадено на обдукција. По насоки на ЈО, се преземаат мерки за расчистување на случајот.