Хроника

Дедото на малата Тамара доби 7,6 години казна затвор за обидот за убиство на Тодоров

Дедото на малата Тамара доби 7,6 години казна затвор за обидот за убиство на Тодоров

Седум години и шест месеци затвор е казната која денеска му беше досудена на Љупчо Стојановски, дедото на малата Тамара, за обид за убиство на екс министерот Никола Тодоров, пренесе порталот Судство.мк.

Стојановски на 1 јуни минатата година пукаше во поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров, откако почина неговата внука Тамара чекајќи операција во странство. Тој беше обвинет за „обид за убиство“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.