Седум години и шест месеци затвор е казната која денеска му беше досудена на Љупчо Стојановски, дедото на малата Тамара, за обид за убиство на екс министерот Никола Тодоров, пренесе порталот Судство.мк.
Стојановски на 1 јуни минатата година пукаше во поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров, откако почина неговата внука Тамара чекајќи операција во странство. Тој беше обвинет за „обид за убиство“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.