Хроника 08. февруари 2019. / 10:31

Арачиновец фатен со 30 килограми марихуана

Арачиновец фатен со 30 килограми марихуана

Околу 30 килограми марихуана била запленета во автомобил на арачиновец, вчера на регионланиот пат ДЕбар-Маврово, информира МВР.

Според полицијата, вчера околу 20 часот, на регионалниот пат Дебар – Маврово, во близина на Мелнички мост, бил сопрен автомобил „цитроен“ со скопски регистарски ознаки управуван од Ќ.М.(63) од скопско Арачиново.

По претресот на возилото биле пронајдени три јутени вреќи со околу 30 килограми марихуана.

Ќ.М. бил упасен е приведен, а по дополнително преземени мерки, на граничниот премин „Блато“, во близина на Дебар, приведени се и албанските државјани Д.Ц.(41) и А.М.(45).

По наредба на надлежен Јавен обвинител, приведените лица се задржани во полициската станица во Дебар за натамошна постапка.