Хроника 12. март 2019. / 16:08

Албански државјанин фатен со 50 килограми марихуана во Охрид

Албански државјанин фатен со 50 килограми марихуана во Охрид

Во близина на регионалниот пат Охрид– Свети Наум, кај место викано .„Колиби 2“, вчера полициски службеници пронашле четири торби во кои имало 49 килограми марихуана, а во нивна близина бил затекнат и 21-годишен државјанин на Албанија.

А.Џ. е приведен и по целосно документирање на настанот, Регионалниот центар за гранични работи Запад против него поднесе кривична пријава поради неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.