Хроника 13. јули 2020. / 11:09

19 години затвор за Анѓела Ѓорѓиевска за убиството на Пино Секондо

19 години затвор за Анѓела Ѓорѓиевска за убиството на Пино Секондо

Ангела Ѓорѓиевска која беше обвинета за убиството на 26 годишниот Пинета Секондо – Пино, судот ја прогласи за виновна и ја осуди на затворска казна од 19 години, пишува Досие.

Според пресудата, таа помогнала во извршување на убиството кое според доказите го сторил Али Фуркан кој е во бегство.

Тој со пушка го застрелал во главата Пино во присуство на Ангела која помогнала безживотното тело да го внесат во кола а подоцна и да го закопаат во атарот на Љуботен.

Судијата при изрекување на пресудата истакна дека во одредување на казната биле земени предвид олеснителните и отежителни околности кои надвладеале бидејќи обвинетата Ангела Ѓорѓиевска во текот на судењето никогаш не покажала каење.