Економија 26. октомври 2019. / 16:25

Земјоделците се пожалија дека нафтата поскапела од 40 на 70 денари, а добивале картички од 500 денари за зелена нафта

Земјоделците се пожалија дека нафтата поскапела од 40 на 70 денари, а добивале картички од 500 денари за зелена нафта

На денешниот протест пред владата земјоделците се пожалија дека мерката зелена нафта не е доволна и дека не е ефективна.

Тие го потенцираа фактот дека во време на владеење на СДСМ нафтата се покачила за 30 денари односно од 40 денари на 70 денари и дека картичките за зелена нафта од 500 денари ни приближно не ја надокнадуваат разликата.

Побараа од владата да не се фокусира на популистички мерки како зелена нафта, туку да го исполни она што го вети пред да дојде на власт, а тоа е повисоки цени за земјоделските производи за тие сами да можат да ги планираат трошоците за наредната производствена година.