Уште една компанија за производство на марихуана добива семејниот картел на премиерот Зоран Заев. Деновиве, беше формирана нова компанија, со назив „Канабис ОНЕ Доо Струмица“, во која како еден од сопствениците се јавува лице, тесно поврзано со премиерот Зоран Заев – открива Економски Лидер.
Во сопствеништвото на горе-наведената компанија, се јавува името на Ване Андреев, личниот адвокат на премиерот Зоран Заев кој во исто време е член на управниот одбор хна адвокатската комора на Македонија.

Покрај Андреев, во сопствеништвото на компанијата се јавуваат и компанијата „Летерс ДОО – Ресен“, Зоран Јанев, Крис Алмн од САД, Славчо Васков – Пинда, како и Сара Еленова од Кавадарци. Според тврдењата на извор на Лидер кој е дел од блиското опкружување на семејството на премиерот, името на Андреев е тука само за да се скрие дека позади фирмата стои токму семејството на премиерот.
До сега, Заеви се сопственици на една од седумте лиценци за одгледување на канабис, преку компанијата „МАМ“, која е во сопственост на Трајче Заев а дел од управните структури е и Вице Заев.
„Канабис ОНЕ Доо Струмица“ е втора компанија која се поврзува со нив, што значи, Заеви контролираат две од осумте компании лиценцирани компании за одгледување на марихуана и контролираат 25% од вкупно сите компании во земјата кои се бават со оваа дејност.