Економија 15. април 2019. / 10:07

Заев вети просечна плата над 500 евра во 2020 година

Заев вети просечна плата над 500 евра во 2020 година

Претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, на централниот митинг вчера во Скопје, повторно зборуваше за платата од 500. евра.

-Не беше лесно, но се обединивме против режимот. Воведовме реформи и воспоставивме правна држава. Ние сме веќе дел од НАТО. Одиме кон ЕУ, очекуваме Унијата да ги вреднува реформските резултати и летоска да добиеме датум за почеток на преговорите. Имаме рекорден износ на странски инвестиции од 624 милиони евра. Невработеноста падна на 19,4 отсто. Просечната плата за една година за зголемивме за осум проценти. Ви ветувам 2020 година ќе има просечна плата над 500 евра, рече Заев пред граѓаните во Скопје.