Економија 26. март 2019. / 21:01

Заев: Успесите во економијата се авангардни

Заев: Успесите во економијата се авангардни

Премиерот Зоран Заев кажа дека донел храбра одлука што го одобрил Договорот од Преспа, па со бенефициите од него, ќе се спречи иселувањето на граѓаните од државата.

Инвестициите се рекордни, 624,5 милиони евра странски инвестиции, БДП расте, платите растат, смета Заев, па тоа ќе го намали иселувањето.

Христијан Мицкоски кажа дека БДП не расте, туку 2,05 пати е растот, а не 5 посто, како што ветувал Заев.

– Успесите се авангардни. – констатира премиерот.

Тој кажа дека граѓаните ќе ги почувствуваат ралните ефекти од економијата кога растот на БДП ќе биде на 4 посто, што мисли дека наскоро тоа ќе се случи.

Мицкоски повтори дека странските директни инвестиции ја реинвестираа добивката, поради тоа што оваа влада ги зголеми даноците, па затоа тоа изгледа дека минатата година инвестициите се рекордни.

Правната сигурност и предвидливост се предуслов за доаѓање на странски инвеститори, констатира Мицкоски. Тој додаде дека економијата на оваа власт е катастрофална.