Премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил објави дека просечната плата се зголемува.
Според податоците кој ги објави, просечната плата во месец мај оваа година е поголема за 3,1 процент, во однос на истиот месец минатата година.
Заев вели дека економската година ги дава резултатите, а граѓаните ги чувствуваат ефектите. Тој уште еднаш потсети дека до крајот на неговиот мандат просечната плата ќе изнесува 500 евра.
– Просечната плата од месец во месец продолжува да расте! Економската година ги дава резултатите, а граѓаните ги чувствуваат ефектите. Продолжуваме и не застануваме, до крајот на мандатот на оваа Влада, просечната плата да биде 30.000 денари. – напиша Заев во објавата на својот фејсбук профил.