Економија

Заев отворено бара фирмите да купуваат гласови: Отворете го ќесето пред референдумот (ВИДЕО)

Заев отворено бара фирмите да купуваат гласови: Отворете го ќесето пред референдумот (ВИДЕО)

Премиерот Зоран Заев, вчера на митингот во Крива Паланка, отворено ги повика бизнисмените да ги „почастат работниците“ пред референдумот

Во скандалозната изјава, Заев практично бара компаниите преку бонуси или плус плата да ги поткупат работниците да излезат и да гласаат на референдумот. Оправдувањето за ваквата постапка, според изјавата на Заев, премиерот ја гледа во, како што вели, блескавата иднина која и претстоела на Македонија

-Еве денес и приватните компании се разбудени. Слушнав денеска во Владата се видовме со инвеститорот на „Минстрој“, вели „Испратив порака до работниците, да излезат сите и да гласаат на реферндумот. Тоа е добро за Македонија, за Крива Паланка, но и за мојата компанија затоа што се оствараат перспективи“. И не само тоа, вети дека ќе даде и некоја награда плус на работниците од тоа што верува дека блеска Македонија во моментот, но и неговите инвестиции во оваа Македонија. Имаме директори на компании во Македонија, Македонци кои велат „ќе дадеме уште една екстра плата затоа што и за мојата фирма се отвора перспективата“. Јас апелирам до сите бизнисмени ајде, почастете ги малку работниците. Сега ова е важно и за компаниите и за граѓаните и за државата. Ако некој има, газдите имаат, бизнисмените имаат можат малку да отворат ќесето повеќе, изјави Заев синоќа во Крива Паланка.