Економија

Заев: Над 1.000 евра плата за младите лекари до 2020 година

Заев: Над 1.000 евра плата за младите лекари до 2020 година

До 2020 година платите на младите лекари ќе ја надминат сумата од 1.000 евра, вети денеска премиерот Зоран Заев обраќајќи се на панел дискусијата организирана во Музејот на современа уметност.

На дискусијата учествуваа и министерот за здравство д-р Венко Филипче, д-р Мери Лазарова, пратеничка во Собрание, д-р Билјана Додева, претседателка на Здружение на лекари специјалисти и д-р Никола Брзанов, претседател на Клуб на млади лекари.

– Почитувани млади доктори, веднаш би сакал да ве уверам дека владата со која раководам, заедно со Министерството за здравство, прават и ќе продолжат да прават се, за да ве задржиме и да останете во домашните здравствени институции. Младите доктори значително ќе се усовршат, а за тоа веќе имаме испланирано средства – посочи Заев.