Економија 17. јануари 2020. / 16:49

Заев: Искуствата на пријателските земји може да ни помогнат за повисок економски раст

Заев: Искуствата на пријателските земји може да ни помогнат за повисок економски раст

На средба со претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, изрази оптимизам дека земјава може да достигне екомномски раст до осум, а можеби и до 10 отсто.

Како што изјави Заев, во 2019 година растот бил 3,6 отсто, што според него, било добро, но не и доволно.

– Земјите од Вишеградката група кога стануваа членки на НАТО и кога ги отвораа поглавјата за членство во ЕУ имаа раст од пет, шест, седум, па и осум отсто, а некои достигнуваа раст и до 10 или 12 процента. Тоа треба да ни биде доволна мотивација да работиме многу за бројките да бидат многу поголеми од сегашните – нагалси Заев.

Според Заев, една од причините зошто земјата е насочена кон реализирање на евроинтеграциските цели и НАТО, е економскиот стандард, зголемувањето на БДП, отворањето нови работни места и раст на платите.

– Ако политичарите знаат доволно да ги слушаат стопанственциите, практичарите, синдикатите и ако бидат доволно мудри да ги искористат искуствата на пријателските земји, возможно е да се постигне посакуваниот економски раст – подвлече Заев.