Економија

Заев и Николовски на средба со потенцијални инвеститори

Заев и Николовски на средба со потенцијални инвеститори

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, придружуван од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, имаше средба со претставници на компаниите Devoli Group од Косово и OAPI Ltd од Израел.

Претставниците на компаниите пред премиерот и министерот ги презентираа своите планови за инвестирање во Македонија, во областа на земјоделството, сточарството, месната и месо-преработувачката индустрија, соопшти владината прес-служба.

Премиерот Заев истакна дека ги поддржува нивните иницијативи за преземање понатамошни чекори во продлабочувањето на комуникацијата со економските тимови и тимовите на соодветните институции на Република Македонија, со цел, навремено, детално и професионално постапување во насока на изнаоѓање најдобри можни решенија за реализација на нивните планови за инвестирање.

Тој, исто така, потенцира дека зголемениот интерес за инвестирање е резултат од новите економски мерки на Владата, кои привлекуваат инвеститори од целиот свет.