Зоран Заев и Нина Ангеловска повторно со квази проекти ги лажат граѓаните. Заев и Ангеловска мора да одговорат каде се потрошени околу 700 милиони евра, пари за кои е зголемен јавниот долг откако Заев е на власт, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
За околу 700 милиони евра е зголемен јавниот долг, а не гледаме ниту километар од ветените 600 километри НОВ автопат, 550 километри НОВИ магистрални патишта или 1100 километри НОВИ локални патишта. Транспарентност е кога Заев ќе каже каде се потрошени тие 700 милиони евра, а притоа ништо не е направено. Заев расипнички ги троши парите на граѓаните. Овие три години колку што Заев е на власт Македонија само стагнира и губи, стои во реакцијата.