Економија 27. септември 2020. / 11:53

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија тоне во економска криза, а СДСМ во недостиг на мерки ја манипулира јавноста

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија тоне во економска криза, а СДСМ во недостиг на мерки ја манипулира јавноста

СДСМ во недостиг на ефикасни економски мерки ја манипулира јавноста. Ниту едно соопштение на СДСМ не може да го покрие фактот дека Македонија тонe во економска криза, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Ниту едно соопштение на СДСМ нема да го сокрие падот на БДП кој е најнизок во историјата на државата, -12.7%. Ниту едно соопштение на СДСМ нема да го сокрие фактот дека поради нивната неспособност без работа останаа над 40.000 граѓани. Ниту едно соопштение на СДСМ нема да го сокрие фактот дека над 500.000 граѓани живеат под прагот на егзистенцијата, денот го поминуваат со помалку од 50-тина денари. Ниту едно соопштение на СДСМ нема да го сокрие фактот дека даноците енормно растат. Во првите денови од нивното доаѓање на власт, СДСМ ја покачи струјата за 7.4%, соопштуваат од партијата.

Реалноста која СДСМ ја донесе на македонските граѓани веќе се чувствува. Наместо нови инвестиции, СДСМ донесе повеќе криминал и корупција во Македонија.На граѓаните не им се потребни стерилните соопштенија на СДСМ, сиромаштијата ја почувствуваа, велат од ВМРО ДПМНЕ.