Од ВМРО-ДПМНЕ соопштуваат дека Костадин Костадинов како и врхушката на СДСМ се единствените на кои им блеска економијата.
Од таму велат дека сите останати , граѓани, стопанственици, работници, земјоделци гледаат дека економијата тоне, се заради неспособноста на оваа анти економска власт предводен од Зоран Заев.
– Бројките се немилосрдни и тие покажуваат катастрофални тенденции. Еве ги дел од нив.
Од јануари месец 2019 година па се до мај 2019 година, просечната плата е за 1.113 денари по мала од таа која што ја објави Зоран Заев.
Во првиот квартал од 2019 година кога нивото на директни странски инвестиции изнесува само 21,6 милини евра, што е за 90тина проценти помалку од истиот тој прв квартал во 2018 година.
Во вториот квартал имаме исклучително катастрофално ниско ниво на пораст на индустриското производство од 1,33% и истовремено во вториот квартал од 2019 година споредено со вториот квартал во 2018-та година имаме намалување на бројот на работниците во индустријата од 2,3%.
За 15% имаме помалку извршени градежни работи во периодот април-мај 2019-тата споредено со април-мај 2018-тата година. Реализацијата на капиталните инвестиции за речиси половина година не надминува 20%. – соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
Од таму велат дека заради ваквата политика на власта економијата германските стопанственици ни ја оценија со нула, над 500 илјади граѓани живеат во сиромаштија, а над 80% од младите не гледаат перспектива во Македонија и сакаат да се отселат.
– Ако Костадин Костадинов, Зоран Заев, Кочо Анѓушев или членовите на Меѓународниот Сојуз (невладината на Боки 13 која вмрежува функционери на СДСМ и нивни роднини) ја гледа оваа година како успешна, огромен број на граѓани ја гледаат како промашена година за економијата и за нивниот животен стандард. Катастрофата од економската политика на оваа власт граѓаните ја чувствуваат по својот грб, а најмногу по својот џеб. – соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.