Дали ако се реализира тендерот за дистрибуција на гас објавен неодамна, ќе имаме дупло поскапа дистрибуција на гас?, прашува комисијата за енергетика на ВМРО – ДПМНЕ.
-Сегашнава Влада со преземењето на власта после во 2017година не направи ништо друго, освен што ги поништи огласите за изградба на дистрибутивниот систем на природен гас во Република Македонија кои беа објавени од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и со тоа директно се закочи процесот на гасификација.
Откако беа потрошенитри години оставајќи ги граѓаните без природен гас, повторно го враќаат концептот и проектот од ВМРО-ДПМНЕ, но со само неколку суштински разлики кои сеќе придонесат за негативна разврска на овој тендер.
Ако се направи споредба меѓу огласот објавен од ВМРО-ДПМНЕ и овој новиот на СДСМ се добиват разлики во критериумите и разлика во вредноста на тендерот како во табелата на сликата.
На почеток е чудно што се поништи Тендер со проценета вредност од беше 150 милиони евра, а сега се објавува оглас каде истото ќе чини 300 милиони евра.Сега излегува на виделина зошто се поништија претходните постапки и зошто се чекало три години:
-Заради намалување на конкуренцијата поради три пати повисоко поставени критериуми,
-Заради објава пред избориво корист политичката кампања и давање лажна надеж на граѓаните,
-Заради очигледната разлика од150 милиони евра.
Казната за ваквите штетни огласи ќе следи на 12 април, пишува во Фејсбук постот на комисијата за енергетика на ВМРО – ДПМНЕ.