Економија 11. септември 2020. / 08:57

ВМРО-ДПМНЕ денеска повторно на протест против поскапувањето на струјата

ВМРО-ДПМНЕ денеска повторно на протест против поскапувањето на струјата

ВМРО-ДПМНЕ денеска по вторпат ќе протестира против поскапувањето на цената на струјата.

Од партијата за денеска најавија блокада на раскрсницата и пристапните улици пред седиштето на Регулаторната комисија во центарот на Скопје.

Поскапувањето на струјата значи бизнис за СДСМ. Мафијата си продолжува со профит. Мафијата продолжува со бизниси, изјави генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев на вчерашната прес-конференција.

Протестот ќе почне во 14 часот пред Регулаторната комисија и еден час со автомобили ќе ја блокираат крстосницата и пристапните улици пред Регулаторната комисија.

Првиот од низата најавени граѓански протести ВМРО-ДПМНЕ го одржа во средата.