Владата распиша оглас за набавка на над шест тони свежо месо во вредност од 2.400.000 денари, околу 40 000 евра. Ќе се набавува свеж јунешки мускул добиен од млади говеда, јунешки бут, јунешки рамстек, телешки бифтек, свински прави ребра меснати свежи, крезли и јатки од свежо јагне, прасечко месо, свинско каре, свинско филе, јавува ПресингТВ.
Според огласот, очигледно дека најмногу се јаде јунешки бут без коска добиен од млади говеда од 18 до 24 месеци старост. Се јаде дури два тона јунешки бут годишно.
Меѓу омилените јадења на министрите по се изгледа е и свинското каре. Ќе се набави нешто повеќе од еден тон квалитено месо од овој тип.
Според пресметките направени врз основа на набавката која ја прави Службата за општи и заеднички работи при македонската влада, месечно во рестораните кои се под капата на СОЗР се јаде по 522 килограми месо, или дневно по 22 килограми свежо јунешко или свинско .
За набавката на свежо месо ќе се спроведе електронска аукција, а тендерот ќе го добие фирмата која ќе понуди најниска цена.