Економија 27. март 2019. / 17:47

Владата на Заев доби оценка нула од германските инвеститори

Владата на Заев доби оценка нула од германските инвеститори

Фокусот на политиките треба да биде на приватниот сектор, затоа што притисокот станува се поголем, а само добрите плаќачи на даноци може да ја направат среќна Владата, порачува Патрик Мартенс, директор на Делегацијата

Оценка нула за својата работа доби Владата од германските инвеститори во државата во анкетата што годинава во февруари ја спроведе Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија. Во таа анкета ниту една од испитаните компании не рекла дека Владата работи добро.

Сепак, германските фирми велат дека не би се откажале од инвстирањето во нашата држава, иако освен од работата на Владата не се задоволни и од многу други нешта. Па така, дури 76 проценти од инвеститорите се изјасниле дека повторно би инвестирале во Северна Македонија, а изразиле и оптимизам дека оваа деловна година ќе биде многу подобра од претходната. Повеќе од половината, поточно 61 процент рекле дека би сакале во Македонија како платежно средство да се воведе еврото.

Патрик Мартенс, директор на Делегацијата појаснува дека незадовлителната оценка за работата на Владата се базира на податокот дека таа е фокусрана на надоврешно-политички, а не на економски теми.

Фокусот на политиките треба да биде на приватниот сектор, затоа што притисокот станува се поголем, а само добрите плаќачи на даноци може да ја направат среќна Владата, порача тој.

И во оваа анкета германските инвеститори ги дале истите забелешки за условите за бизнис во нашат држава, како и во претходните. Ги критикуваат брбата против корупцијата и криминалот, ефикасноста на јавната администрација, правната сигурност, даночните оптоварувања и предвидливоста на политиката што се води во однос на стопанството. Па така, економската ситуација како добра ја оцениле сдамо пет проценти од испитаниците, 56 проценти рекле дека е лоша, а останатите сметаат дека е задоволителна. Дека состојбата ќе се подобри сметаат 22 процента од компаниите, 54 проценти не очекуваат поголеми промени, а 24 процнети се песимисти и очекуваат да се влоши. За развојот во сопствената бранша 10 проценти рекле дека е добар, 49 проценти се задоволни, а останатите сметаат дека е лош. Како лоша состојбата во својата компанија ја оценуваат само 10 проценти, а 61 процент се задоволни од неа. Подобрување годинава очеклуваат високи 43 проценти од испитаните компании, влошување очекуваат само 15 проценти, а остатокот сметаат на статускво ситуација.

Зголемување на бројот на вработени најавуваат 39 проценти од инвеститорите, а само 10 проценти рекле дека ќе го намалат. Исто така високи 48 проценти планираат да ги зголемат инвестициите, а 10 проценти рекле дека ќе ги намалат.

Во нашето истражување на прашањата поврзани со оценката на локалните услови испитаниците се задоволни од трошоците за труд, продуктивноста и подготвеноста за работа на персоналот, вели Мартенс.

Воведувањето на прогресивниот данок, кој се применува од оваа година, тој смета дека е избрзано и го дава примерот со Словачка, која направила даночни реформи дури откако се презаситила од инвеститори.

Мартенс вели дека голем број германски инвеститори во наредниот период ќе вложат во нашата земја и појаснува дека оние кои ги откажале инвестициите, всушност имале финансиски проблеми. Според него, наскоро, како што е најавено ќе се реализира инвестицијата на германска компанија која произведува медицинска техника, а се очекува и инвеститор кој се занимава со истражување и развој на машински проекти.

Има најави и од други компании од автомобилската индустрија кои ќе дојдат во државата, така да кажам, има компании кои имаат имаат резервации. Но, инвестирањето не се планира од денес за утре, туку со години, Вели Мартенс.

Како и другите претставници на Делегацијата на германското стопанство тој ги негира информациите што кружат низ социјалните мрежи дека “Дрекслмајер# планира да го затвори погонот во Кавадарци за три месеци. Велат дека оваа компанија воопшто не најавила дека ќе го напушти Германско-македонското здружение во кое членува и дека сите знаци покажуваат дека нормално продолжува со работа.

Тоа се шпекулации, на кои луѓето во оваа држава се многу подложни. Не сакам ниту да помислам дека може да се случи такво нешто, вели Мартенс.

Во нашата држава работат повеќе од 200 компании со германски капитал, кои вработуваат 20.000 лица. Лани трговската размена меѓу двете земји имаше голем раст и достигна рекордни 3,646 милијарди евра.