Економија 21. август 2019. / 10:19

Владата на СДСМ ќе ја задолжи Македонија за нови 125 милиони евра

Владата на СДСМ ќе ја задолжи Македонија за нови 125 милиони евра

Владата денеска го утврди текстот на Предлог на Закон за задолжување на Република Северна Македонија кај Меѓународната банка за обнова и развој- Светска банка по Договорот за заем за развојни политики за јавни финансии и конкурентност, кој го доставува до Собранието за усвојување.

Како што соопштија од Владата, целта на заемот е да се обезбедат средства за буџетска поддршка, а основното начело врз основа на кое се заснова овој предлог на Закон е обезбедување на заем за развојни политики за јавни финансии и конкурентност.

Од тука, Република Северна Македонија и Светската банка ќе склучат Договор за заем во износ од 125 милиони евра, кои се дел од новата Рамка за партнерство на државата со Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка договорена на 18 април 2019 година за периодот 2019-2023 година во висина до 420 милиони УСД за нови заеми во текот на следните четири и пол години на спроведување на Рамката за партнерство, во зависност од капацитетот за кредитирање на Светска банка, барањата на други заемопримачи, успешноста и приоритетите на земјата и глобалните економски настани, соопшти Владата.

Во истото соопштение се додава дека Рамката за партнерство се фокусира на три меѓусебно поврзани области кои Македонија ги има постигнато, како што се: извозно ориентиран раст, подобрување на средината за конкурентен приватен сектор, инклузивен раст, односно проширување на вештините и можностите за најранливите категории и одржлив ра