Скандалозен тендер од страна на Венко Филипче за раегенси и централизирани лабораторатории, скандалозен тендер за сржта на медицината – стерилизацијата, а сега на повидок е веројатно нов скандалозен тендер за набавка на мамографи, рече Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.
Замислете, Во јавноста има информации за набавка на осум нови мамографи и тоа по цена од 85 милиони денари! Официјалните податоци пак говорат дека во минатото шест мамографи се набавувале во вредност од 35 милиони денари. Разликата е огромна и прашањето е каде ќе завршат парите на граѓаните.Сите се свесни за напредокот на технологијата, но во околности кога министерот се поврзува со толку многу криминални тендери, со толку многу лаги, тешко е дури и да се помисли за искрени намери.Оттука, министерот Филипче треба да даде повеќе одговори. Зошто дупло поскапи мамографи? Пак ли знае однапред, како и за реагенсите, на која фирма ќе и го даде и овој тендер? Дали тендерската документација ја подготвува по теркот на негова фирма? Дали тендерот ќе го објави кога веќе ќе биде договорен?, праша Андоновска.