Денеска во емисијата „Утро со Златев“ на Радио Лидер гостуваше Гордана Димитриеска Кочоска со која се зборуваше за македонската економија во време на криза.
Со нејзе со зборуваше на повеќе теми како справувањето на Македонија на економски план со Ковид-19, предлозите на ВМРО-ДПМНЕ за справувањето со економските проблеми, за странските директни инвестиции и слично. На оваа емисија исто така Димитриеска Кочоска го повика Министерството за финансии да даде одговор каде се 225 милиони евра кои биле буџетски дефицит во декември.
– Ако тргнеме по странските директни инвестиции никаде сме некаде на дното од земјите од Балканот. Во периодот од јануари до септември странските инвестиции биле само 119 милиони евра или тоа се 58 евра по глава на жител, а Србија имала многу повеќе од нас над 1 милијарда евра односно 255 евра по глава на жител. Тоа е некаде 5 пати повеќе од нас, вели Димитриеска Кочоска за Радио Лидер.
Целото интервју може да го погледнете ТУКА.