Економија 16. декември 2020. / 20:53

Тутунарите незадоволни од откупните цени го блокираа магистралниот пат од Прилеп кон Скопје

Тутунарите незадоволни од откупните цени го блокираа магистралниот пат од Прилеп кон Скопје

Пелагониските тутунопроизводители денеска излегоа на протести и два часа го блокираа магистралниот пат од Прилеп кон Скопје, на излезот од градот, незадоволни од ниските откупни цени.

Обвинуваат дека откупувачите не го испочитувале договорот кој бил постигнат во петокот во Скопје. Ќе продолжеле со протестите се додека не започнела реална проценка на тутунот.

Тутунарите бараатт итно укинување на 4-тата класа која според нив ги предизвикувала најголемиот дел од проблемите и ја уривала нормалната цена на тутунот, која според нив требало да биди од 180 до 190 денари за килограм.

Инаку вчера министерот за земјдоделство оствари по втор пат средба со тутунарите во Прилеп и истакна декка до петок ќе се одвивале и протести и откуп во исто време, а во петок ќе се направел пресек од цела недела за да се утврди вистинската состојба како се проценува тутунот.