Економија 17. септември 2020. / 12:35

Странска инвестиција наместо во Македонија оди во Србија

Странска инвестиција наместо во Македонија оди во Србија

Странските директни инвестиции ни се лизгаат од раце. Економски  Лидер дознава дека американската компанија Аптив, наместо во Македонија , по трет пат реши да инвестира во Србија, иако оваа компанија е присутна подолго време во земјава.

Извори од компанијата велат дека барем една од трите компании што веќе инвестираа во Србија, во изминатите две до три години , можеше да инвестира во Македонија, но заради недоволната ангажираност од страна на институциите задолжени за привлекување странски инвестиции, како и поради лошиот и несоодветен  третман кон веќе посточеката инвестиција на Аптив – тоа не се случи.

Инаку странската компанија Аптив во Србија има 3 компании, една во Нови Сад, втората во Лесковац, и третата во Зајачар , со вкупно вработени над 7000 лица.

Аптив е една од најголемите светски компании добавувачи во автомобилската  индустрија со годишен обрт од 15 милијарди долари.

Последните статистички податоци во земјава покажуваат одлив на странски капитал . Во текот на вториот квартал од 2020 година , инвестициите бележат одлив од 9, 3 милиони евра

Речиси подолго време во земјава речиси и да нема вест, дека некоја странска компанија решила да  инвестира кај нас.

Кај оние постоечките компании веќе има намалување на извозот од 30 %, а државата долго време остана глува за нивните барања, како на пример  намалување на царинските стапки.