Разочарани земјоделци протестираа пред Министерството за земјоделство поради неисплатата на штетите од елементарните непогоди во 2018 година.
– Ние со последните напори бараме решение бидејќи деловите од Арачиново и неколку села од Гази Баба имаат претрпено огромни штети од невремето во 2018, но до ден денес не е исплатена штетата иако од страна на владата и министерот имаше ветување дека ќе се реши, но нема ништо од тоа – велат разочараните земјоделци.
Тие најавија и доколку до идниот петок не се исплатат парите за штетите ќе ја блокираат скопската обиколница кај клучката во Стајковци.