Економија 15. февруари 2020. / 22:01

СДСМ до Мицкоски: Во СДСМ веќе одамна постои штаб за качување плати

СДСМ до Мицкоски: Во СДСМ веќе одамна постои штаб за качување плати

Во ВМРО-ДПМНЕ постои само штаб за обнова на режимот, затоа Мицкоски не знае дека платите на лекарите специјалисти од месецов растат за 25%, велат од СДСМ во реакција на изнесените ставови на Христијан Мицкоски по неговата денешната средба со здравствените работници во Струмица.

Во реакцијата се вели дека Мицкоски се обидува да им ветува на специјалистите нешто што СДСМ го оствари. Напоменуваат дека комулативно , за две и пол години, лекарите специјалисти ќе имаат за 40 отсто повисоки примања, општите лекари за 25 отсто, сестрите за 20 отсто, а здравствените соработници за 15 отсто.

– Во СДСМ веќе одамна постои штаб за качување плати и неговите резултати се потврдени преку официјални податоци, стои во реакцијата на СДСМ.

Од СДСМ го упатуваат Мицкоски да ги прочита извештаите на Државниот завод за статискитка, каде ќе може да види со какво позитивно темпо растат платите во последните две и пол години, како во здравството така и во сите останати сектори, се вели во реакцијата.