Економија 26. октомври 2019. / 15:19

Полицијата не дозволи тракторите да учествуваат на протестот на земјоделците пред Владата

Полицијата не дозволи тракторите да учествуваат на протестот на земјоделците пред Владата

По полчасовна блокада на мостот „Гоце Делчев“ од страна на полицијата, земјоделците кои не учествуваат на протестот со механизација по едната коловизна лента беа пропуштени кон Владата, а оние со трактори и друга механизација беа задржани пред мостот „Гоце Делечев“ за сообраќајната полиција да им ја провери документацијата.

Иако се слушна на протестот дека ќе бидат испратени на хомологација и технички преглед, до тоа не дојде, зашто имаат исправна документација.