„Успешност“ со која се фалат СДСМ и Заев, доведе да Македонија има 7 милијарди јавен долг, нови 55.000 невработени, 6200 затворени фирми. Овие нивни политики предизвикаа крах и државата се подлабоко влегува во рецесија, реагираат од ВМРО ДПМНЕ.
Како да не им беше доволно сето ова што им го прават на граѓаните, без никаков срам Заев пред само неколку дена издаде еврообврзница од 700 милиони евра, за која треба да се плати камата од 80 милиони и на домашниот пазар се задолжи за 70 милиони односно вкупно 850 милиони. СДСМ и Заев го задолжија секое едно четиричлено семејство за една година со нов долг од 2.400 евра плус камати. Се фалат и со петте пакети на антикризни мерки кога тоа не помогна ништо ниту на граѓаните, ниту на економијата, а за тоа говорат и секојдневните протести пред Влада. Граѓаните не заслужуваат вакви економски погубни политики, туку заслужуваат добар и квалитетен живот, велат од опозицијата.