Економија 20. ноември 2020. / 15:07

По примерот на Амстердам, Заев најави легализација на марихуана во угостителството

По примерот на Амстердам, Заев најави легализација на марихуана во угостителството
Eден од најголемите производители на канабис во светот, Биг Мајк, беше официјален гостин на премиерот Заев во Владата

Премиерот Зоран Заев најави нов економски пакет, кој вклучува и декриминализација и легализација на марихуаната во туристичките места, во интервју за македонската редакција на „Дојче Веле“.

Заев смета дека декриминализацијата и легализацијата на марихуаната може многу да им помогне на туризмот и угостителството.

-Идејата е да се даде можност во туристичките места, вклучително и Скопје, кафулињата постојни и нови, со почитување на одредени стандарди- вентилација, доказ за потекло на марихуаната и сл., да се овозможи консумација на марихуана внатре во нив, вели Заев во интервјуто, додавајќи дека планот е да биде контролирано на сличен начин како во Амстердам.

Премиерот вели дека стандардите ќе бидат исти за сите и секој ќе може да аплицира.

-Верувам за мала земја, тоа може да донесе сериозен развој за угостителството и туризмот, имајќи ги посебно предвид нашите прекрасни туристички места: Струга, Охрид, Ресен, Дојран, Скопје, Берово, Маврово и сите други места, вели Заев.