Економија 20. декември 2019. / 21:15

Пензиите ќе се покачат за 900 денари кажа Заев,опозицијата врати дека власта повеќе им зеде отколку што им даде

Пензиите ќе се покачат за 900 денари кажа Заев,опозицијата врати дека власта повеќе им зеде отколку што им даде

Просечната пензија од јануари наредната година е предвидено да се покачи на 15.500 денари, а Владата за 2020 година во буџетот, кој што е во Парламентот и деновиве треба да се усвои, предвиде покачување од 700 денари и дополнително усогласување околу 200 денари, изјави премиерот Зоран Заев на денешната неформална средба со пензионерите во Скопје. Премиерот рече дека пензиите во 2020 година ќе пораснат за околу 900 денари, односно како што појасни, со доаѓањето на власт од јуни 2017 година, до почетокот на идната година вкупно ја покачиле просечната пензија за 1.746 денари.

– Оваа Влада како левичарска Влада е сериозно посветена на вложување во човечкиот капитал, во целиот овој период, сите перформанси на економијата кои дојдоа со крупните и храбрите политики, интеграциските политики, овозможија нашиот буџет да биде стабилен, да немаме раст на јавниот долг, да немаме дополнителни задолжувања освен за капиталните инвестиции, и сите овие наши ресурси да направиме рамномерна распределба за придобивките на сите граѓани во унапредувањето на економскиот стандард на граѓаните, додаде Заев.

ВМРО-ДПМНЕ: Власта им зеде на пензионерите 1.400 денари

Зоран Заев повторно ги лаже пензионерите. Заев им зема 1400 денари на пензионерите, а сега ги лаже со покачување од 0.4%. Да не беше трагично ќе беше смешно. Во услови кога трошоците на живот енормно растат, пензиите тапкаат во место. Изјавата дека ќе има некакво покачување не пензиите, кое не е доволно ниту за еден леб е предизборен поткуп  и манипулација со граѓаните.

Пензионерите ги очекуваат своите 1.400 денари кои Заев им ги зеде, а не 20 тина денари како што сака да им продаде пред избори, велат од ВМРО ДПМНЕ.