Со вториот ребаланс предвиден е дефицит од 8,4 проценти кој е највисок од 1994 година до денес. Значи ова е дефицит кој е највисок дефицит по дефицитот на слон на македонската економија која се случи во мраќната транзиција кога преку 300 илјади луѓе останаа без работа, а олиграхијата на СДСМ за без пари ги зема фабриките во секој град и село. На тоа се сеќаваат повозрасните генерации.
Во 2008 година кога беше светската економска криза бил само 0,9 проценти значи помалку од еден буџетски дефицит, за сега да стигне на 8,4 проценти, рече Николоски.
Николски се осврна и на јавниот долг.
Јавниот долг како процент од БДП во 2008 година во време на светската криза бил само 23 проценти. Значи дека ако Македонија произведувала илјдата денари долгот бил само 23 денари. Денес јавниот долг достигнува до 59,3 проценти или од 1000 произведени денари околу 60 денари е долгот со голема можност да оди и до 670 проценти затоа што приходната страна е нерално проектирана во овој ребаланс, посочи Николоски.
Николоски укажа и што требало да се направи со ребалансот на Буџетот.
Требаше да се направи зголемување на буџетот за здравството како приоритет како во сите земји кои се справуваат со корона и требаше да се оди кон брза реализација на капитални проекти во здравството кои ќе останат како трајно добро, второ, дополнителна награда за здравствените работници, трето, обезбедување на образование за во овие нови услови да не ни се случува луѓето да мислат као да подигнат кредит за да му купат кредит, и слично, рече Николоски.