Економија 03. април 2018. / 15:51

Николовски: Не очекувам санкции од Русија

Николовски: Не очекувам санкции од Русија

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска во Охрид рече дека не очекува последните случувања во односите со Русија да имаат негативни последици за извозот на нашите земјоделски производи на рускиот пазар.

– Јас сум претседател на меѓувладината македонско-руската комисија и досега не сум информиран за какви било потенцијални санкции или други мерки преидизвикани од политички аспект – истакна Николовски.

Оваа изјава на министерот доаѓа откако Македонија протера руски дипломат од руската амбасада во Скопје.