Економија 26. октомври 2019. / 15:43

Не е партиски протест: Земјоделци со членски книшки на СДСМ покажаа дека си ги бранат правата

Не е партиски протест: Земјоделци со членски книшки на СДСМ покажаа дека си ги бранат правата
Фото: Република

Македонските земјоделци заедно и сплотено излегоа на протест пред владата и ги бараат своите права. Како што велат присутните на протестот, не станува збор за партиски протест, тука само го бараат тоа што им било ветено од премиерот Зоран Заев и владата на СДСМ.

Еден од говорниците на протестот ја извади и ја покажа својата членска книшка од СДСМ за да покаже дека тука не е дојден партиски, туку дека излегол на улица затоа што е изреволтиран од негрижата на власта за земјоделците и за нивниот труд.