Економија 19. ноември 2019. / 15:14

(ВИДЕО) Мицкоски: Заев на пензионерите ќе им даде пола од покачувањето кое претходно им го укина

(ВИДЕО) Мицкоски: Заев на пензионерите ќе им даде пола од покачувањето кое претходно им го укина

На граѓаните од страна на власта им се сервира уште една невистина, која овој пат е наменета за пензионерите. Пензионерите наместо мирен и достоинствен живот со заслужени пензии, се борат за опастанок, обвинува лидерот на ВМРО-ДПМНе, Христијан Мицкоски.

Нивните пензии не растат, тие се доволни за покривање на основните потреби. Најавеното покачување од страна на Владата е уште едно лажно предизборно ветување на Зоран Заев чија демонтажа ќе покаже дека всушност Владата ги оштетува пензионерите и ги остава покуси за половина од парите за покачените пензии кои им следуваат. Како држава имаме пензии кои не го следат растот на трошоците за живот и слично како и најавеното покачување на платите на наставниците, учителите и професорите, сега отворено се манипулира и со покачувањето на пензиите на пензионерите, истакна Мицкоски.

Мицкоски порачува дека тоа всушност не е покачување туку намалување.

Пензиите не растат со истиот тренд  како во периодот од 2010-та до 2017-та година, а тој процент е намален затоа што оваа Влада го смени начинот на усогласување на пензиите. Суштината е дека пензионерите наместо целосно зголемување на  пензиите од 1100 денари кои им следуваат согласно методологијата која оваа Влада ја промени, ќе добијат само 700 денари. Со тоа Владата и Заев ќе им скрати од пензиите речиси 400 денари, средства кои ќе ги одземе од речиси 300.000 пензионери, порача Мицкоски.