Економија 18. јуни 2019. / 13:12

Мицкоски: Власта не успеа да ги собере планираните даночни приходи

Мицкоски: Власта не успеа да ги собере планираните даночни приходи

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски обвини дека власта, преку УЈП, не успеала да ги собере планираните даноци.

– Вистината е немилосрдна, а на лагата и се кратки нозете. За жал, во СДСМ не ја научија лекцијата и продолжуваат да ги следат лагите на Зоран Заев, а какви се фактите? Фактите се катастрофални за граѓаните на Република Македонија.

Имено, во УЈП во периодот 01.01-31.05 успеало да собере околу 3 милијарди денари или нешто под 50 милиони евра помалку од тоа што било испланирано (-8,24%). Само во првите два месеци (април и мај) од вториот квартал УЈП собрало 1,5 милијарди денари или околу 25 милиони евра помалку од планираното. – напиша Мицкоски на Фејсбук.