Економија 01. јули 2020. / 22:05

Мицкоски најави нула данок за фирми што ќе вработат млади до 29 години

Мицкоски најави нула данок за фирми што ќе вработат млади до 29 години

Се ближи денот кога практично треба оваа неуспешна влада предводена од ова раководство на СДСМ и Зоран Заев да замине, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во Македонски Брод.

Нашиот мотив е да го смениме ова мочуриште. Но, имаше и критика. Дека треба сме поодлучни, поцврсти, појаки, сега треба да нападнете, зошто тактизирате. Но, доколку противникот ја дознаеше нашата тактика тогаш немаше да биде така едноставно. Ние молчевме, ги слушавме критиките и си работевме – рече Мицкоски.

Тој вети дека ќе ги зголемат платите за минимум 25 проценти во рок од еден мандат и пензиите минимум 20 проценти, а ќе овозможат 4 милијарди инвестиции од дома и надвор.

За секој оној што ќе вработи млад човек до 29 години – нула данок. Ќе реновираме болници, докторите да си ги вратиме дома. Да не бидеме извозници на здравствени работници. И 640 милиони евра субвенции за земјоделците и гарантиран откуп. И многу други работи ќе најдете во оваа читанка – порача Мицкоски.