Економија 09. March 2019. / 16:07

Мицкоски: Ги зголемија даноците а парите на кои Владата се надеваше, во буџетот ги нема

Мицкоски: Ги зголемија даноците а парите на кои Владата се надеваше, во буџетот ги нема

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска беше во посета на компанијата Империјал од Брвеница.

 Среден бизнис кој обезбедува работа за стотина семејства од овој крај. Мора да се посвети многу поголемо внимание на домашните компании, кои може да се развиваат многу повеќе. Потребна е пријателска бизнис клима од државата, и добри услови за правење на бизнис. Во моментот државата нема план за поддршка и ги влошува условите со зголемените даноци, бирократијата која го гуши бизнисот. Инаку сега имаме зголемени даноци и наплатени даноци за 4.5% пониско од планот. Парите на кои Владата се надеваше во буџетот ги нема, а ги има зголемените даноци кои ја намалуваат добивката на стопанството. Нашиот план за политика на ниски даноци и поддршка на бизнисот, отворање на нови работни места, Македонија технолошки тигар на Балканот. И тоа ќе го направиме. Потребни се промени кои Македонија ќе ја извлечат од економската и политичка бездна, напиша Мицкоски на Фејсбук.