Македонија ја заобиколуваат инвеститорите, а за тоа говорат сите факти и податоци, пишува Курир.
Имено, српскиот портал Б92 објави вест дека во Србија поточно во Нови Сад утре ќе се удри темелникот на новата фабрика „Бросe“.
„Бросе“ ќе гради фабрика за делови за автомобили, во која 1.100 работници ќе добијат повеќе од трипати поголема од просечната плата на национално ниво.
Во фабриката на германскиот гигант ќе се произведуваат електрични мотори за автомобили, волани, погони за моторно масло и ладење на вентилатори.
Инаку, инвестицијата се проценува на 180 милиони евра, а договорот за изградба е потпишан при крајот на ноември 2019 година.
Она што е многу важно и што претседателот на Србија Вучиќ го истакнал на своето обраќање е дека оваа фабрика ќе обезбедува плата на вработените до 1.900 евра што скоро три пати поголема од просечната плата.
Дека Македонија последниве години го губи приматот на земја која беше прва во привлекување на странски инвеститори и отворање на фабрики говорат и извештаите каде државата има очаен пад во делот на странски инвестиции.
Исто така ништо нема од ветувањата на владата за носење на компании како „Фејсбук“ и „Гугл“ и други технолошки гиганти. Дополнително лани германските инвеститори ја оценија работата на владата во делот на економијата со нула.