Економија 21. август 2018. / 14:34

Германија сепак нема финансиски да ја помага Турција

Германија сепак нема финансиски да ја помага Турција
Германија не ја разгледува можноста за финансиска помош на Турција, како мерка за излез на земјата од валутната криза, соопшти германската влада.

„Прашањето за германската помош на Турција моментално не е на агендата на владата“, изјавија нејзините претставници.

Од германската влада додаваат дека од Турција ќе зависи дали ќе побара помош од Меѓународниот монетарен фонд, како и дека финансиската поддршка не е во фоксуот на преговорите помеѓу лидерите на двете земји.