Економија 15. август 2020. / 12:58

(ФОТО) Мини протест против поскапувањето на струјата во Прилеп

(ФОТО) Мини протест против поскапувањето на струјата во Прилеп

Неколку десетици граѓани протестираа во Прилеп против поскапувањето на струјата.

Протестот во Прилеп го организираше општествената организација „Пролетер”. Побарано е Владата итно да го раскине неславниот договор со ЕВН, приватниот дистрибутер на електрична енергија во РСМ, кој со години го злоупотребуваше монополот даден од Владата, простување на сите камати од сметките на ЕВН што граѓаните до сега не ги платиле бидејќи сметаат дека високите сметки генерирани од ЕВН се главната причина за нивно неплаќање на време.

Во изминативе денови во Македонија граѓаните во повеќе градови масовно излегоа на протест со барање итно да се поништи последната одлука на Регулаторната комисија за енергетика за зголемување на цената на електричната енергија. Регулаторната комисија веднаш да ја стави вон сила одлуката за зголемување на цената и да ја намали цената за 46 отсто.